• петок, 17 мај 2024

Литературен конкурс на тема ,,Вапцаров, писател со револуционерни идеи" во Делчево

Литературен конкурс на тема ,,Вапцаров, писател со револуционерни идеи

Делчево, 30 ноември 2023 (МИА) - Центарот за култура ,,Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево распиша литературен конкурс за најдобра творба на тема ,,Вапцаров, писател со револуционерни идеи". Конкурсот се организира во рамки на манифестацијата ,,Вапцарови бранувања", а може да учествуваат сите заинтересирани.

-Творбите треба да бидат напишани на компјутер со шифра и да се достават кај наставниците, кај лицата задолжени како координатори (библиотекарите во училиштето) или на адреса во посебен плик НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров“, ул.Светозар Марковиќ бб. 2320 Делчево со назнака ЗА ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС со податоци: Име и презиме, наслов на песната, адреса на живеење, телефон за контакт, информираа од Центарот за култура во Делчево.

Конкурсот ќе биде отворен до 8 декември, а творбите кои ќе пристигнат по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

-По завршување на конкурсот во рамки на манифестацијата ,,Вапцарови бранувања" ќе бидат доделени три награди, како за младите така и за возрасните учесници и тоа плакета за прва награда, плакета за втора награда и плакета за трета награда, велат од делчевскиот Центар за култура.

Датумот за доделување на наградите ќе биде дополнително објавен од страна на НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево. вс/сх/


Фото: МИА

Остани поврзан