• петок, 22 ноември 2024

Литванија купува тенкови „Леопард 2“ од Германија

Литванија купува тенкови „Леопард 2“ од Германија

Вилнус, 23 јануари 2024 (МИА) - Литванскиот совет за одбрана одлучи да започне преговори за купување тенкови „Леопард 2“ од Германија, изјави денеска министерот за одбрана Арвидас Анусаускас.

- Нашата намера е да формираме тенковски баталјон, но многу ќе зависи од условите, на пример за која цена ќе се договориме. Затоа, не можам да дадам детали, рече тој.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, НАТО вети дека ќе го зајакне своето присуство на источната граница на Алијансата. Литванија, сосед на Русија и нејзиниот близок сојузник, Белорусија, во моментов не користи тенкови. Се планира новата тенковска единица да биде борбено подготвена до 2030 година.

Германија се обврза трајно да распореди борбена бригада од околу 4.800 војници во Литванија до 2027 година, што ќе го претставува првото воено присуство на Германија во странство по Втората светска војна. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан