Литванија испраќа оклопни возила на Украина за поддршка на чистењето мини
- Литванија и испраќа на Украина 14 оклопни транспортери М113, соопштија денеска претставници на одбраната во Вилнус, јави ДПА.

Рига, 12 јуни 2024 (МИА) - Литванија и испраќа на Украина 14 оклопни транспортери М113, соопштија денеска претставници на одбраната во Вилнус, јави ДПА.
-Возилата треба да пристигнат во Украина оваа недела и ќе ги зајакнат капацитетите на украинската армија за чистење мини, соопшти литванското Министерство за одбрана.
Литванија, членка на ЕУ и НАТО, е еден од најверните поддржувачи на Украина. мс/
фото: Википедија