• среда, 13 ноември 2024

Линднер со поддршка за распоредувањето американски ракети со долг дострел во Германија

Линднер со поддршка за распоредувањето американски ракети со долг дострел во Германија

Берлин, 11 август 2024 (МИА) - Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, кој е претседател на про-бизнис Слободната демократска партија, изјави дека го поддржува планираното распоредување американски ракети со долг дострел во Германија, јави ДПА.

„Германија со години е во опсег на руски ракети способни да носат нуклеарно оружје. Затоа за нас е од најголема важност да воспоставиме рамнотежа на способноста за одвраќање“, рече Линднер.

На маргините на самитот на НАТО во јули, Берлин и Вашингтон објавија дека американските крстосувачки ракети „Томахавк“ со дострел што можат да допрат длабоко во Русија, како и ракетите за противвоздушна одбрана СМ-6 и новоразвиено хиперсонично оружје, ќе бидат лоцирани во Германија од 2026 година.

Без оглед на исходот од претседателските избори во САД во ноември, Линднер рече дека САД треба да останат во центарот на дипломатското внимание на Берлин.

„Не сум резигниран од фактот дека трансатлантското партнерство слабее“, рече тој.

„Дури и со тешки партнери во дијалогот, ќе треба да направиме се што можеме за да ги убедиме САД дека посветеноста на Европа е во нивен интерес“, додаде Линднер. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан