• недела, 22 декември 2024

Линднер: Германија може да испрати свои цариници на еден од контролните пунктови на бугарско-турската граница

Линднер: Германија може да испрати свои цариници на еден од контролните пунктови на бугарско-турската граница
Софија, 14 јуни 2022 (МИА) - Министерот за финансии на Германија Кристијан Линднер, кој е во посета на Бугарија, ја пофали земјата за стабилноста на нејзините јавни финансии. Тој ова го коментираше по средбата со вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил фокусиран на неколку теми, меѓу кои и способноста на Германија да ги поддржи бугарските напори на граничниот премин Капитан Андреево меѓу Бугарија и Турција со германски царински персонал. Втората тема е поврзана со можноста Бугарија да влезе во еврозоната на 1 јануари 2024 година, што доби поддршка од германскиот министер за финансии. - Се разговараше за можноста Агенцијата за спречување перење пари и Европското јавно обвинителство да имаат зајакнати ингеренции и да бидат во земја која има многу силна политика во оваа област, како што е Германија, рече Асен Василев. Тој истакна дека Бугарија високо ја цени поддршката на Германија, конкретно за билатералните прашања и за соработката во Советот на Европа и европските институции. Линднер рече дека е импресиониран од постигнувањата на бугарската страна во однос на модернизацијата на државната администрација и нејзиното вклучување во европските процеси поврзани со претстојното приклучување кон еврозоната. Тој ја пофали и борбата на бугарските власти против корупцијата и дека Софија секогаш може да смета на поддршката на Берлин во оваа насока, изјави германскиот министер за финансии Кристијан Линднер. нк/ссм/

Остани поврзан