• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лимани: Потпишани шест нови договори со општините за финансирање на инфраструктурни проекти од социјалната и детската заштита

Лимани: Потпишани шест нови договори со општините за финансирање на инфраструктурни проекти од социјалната и детската заштита

17 јули 2025

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска потпиша шест нови договори со шест општини кои аплицираа на Вториот јавен повик за изразување интерес за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, во вредност од 520 милиони денари.

На повикот за финансирање на проекти во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со комплетна документација аплицираа општините: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кратово и Чашка – за изградба на објекти за предучилишно воспитание и образование (детски градинки), и општина Кочани – за објект од областа на социјалната заштита, Дом за стари лица.

Заедно со четирите апликации од Првиот јавен повик, Министерството финансира вкупно десет инфраструктурни проекти.

Владата на Република Северна Македонија, преку ресорните министерства, инвестира во проекти чија реализација придонесува за унапредување на локалната инфраструктура, со директен импакт врз економскиот раст, развојот и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Министерство за социјална политика, демографија и млади

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан