• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателката на Националното собрание на Азербејџан

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателката на Националното собрание на Азербејџан

Баку, 12 март 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Баку се сретна со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова. Сиљановска Давкова се потпиша во Книгата на впечатоци во Собранието, а со Гафароваа разменија искуства за функционирањето на законодавните домови, застапеноста на жените во пратеничките редови и собраниските функции, како и за можностите за соработка.

Претседателката, која е во официјална посета на Азербејџан, ќе има средба и со премиерот Али Асадов.

Активностите на претседателката почнаа вчера со тет-а-тет средба со нејзиниот домаќин Илхан Алијев на која беше иницирано потпишување декларација за стратешко партнерство и пријателство со фокус на јакнење на соработката во енергетиката и економијата, како и  укинување на визите за дипломатски и службени пасоши. лв/бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан