Лидер на сириските бунтовници: Режимот на Асад е пред уривање
- „Стигнавте до прагот на Хомс и Дамаск, а соборувањето на криминалниот режим е пред вратите. Затоа, повторно ве советувам, браќа мои, да бидете милосрдни, љубезни и внимателни кон нашиот народ во градовите и селата каде влегувате како понизни освојувачи“, изјави Јолани.
Дамаск, 7 декември 2024 (МИА) - Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „е многу близу“, порача вечерва лидерот на бунтовничката група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), Абу Мохамед ал-Јолани, во соопштение.
Тој ги повика своите борци да бидат „милосрдни“ кон цивилите додека ги ослободуваат териториите под режимот.
„Стигнавте до прагот на Хомс и Дамаск, а соборувањето на криминалниот режим е пред вратите. Затоа, повторно ве советувам, браќа мои, да бидете милосрдни, љубезни и внимателни кон нашиот народ во градовите и селата каде влегувате како понизни освојувачи“, изјави Јолани.
Оваа порака доаѓа во период кога бунтовничките сили напредуваат во Сирија, приближувајќи се до стратешки важни региони, додека судирите продолжуваат. ссм/
фото: ЕПА