• петок, 05 декември 2025

Лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Филипче вели дека не чувствува вина за случајот Онкологија 

Лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Филипче вели дека не чувствува вина за случајот Онкологија 

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) – Вина не чувствувам апсолутно, добро е што има процес, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, воедно и поранешен министер за здравство во одговор на новинарско прашање дали чувствува вина за случајот Онкологија.

Според Филипче, излегло обвинението за случајот Онкологија и ќе следи судски процес со што, како што вели, на виделина ќе излегла една лажна кампања против него. 

-Да видиме што ќе покаже судскиот процес, на виделина ќе излезе една лажна кампања, којашто ВМРО ДПМНЕ ја организираше против мене лично, со анкетната Комисија на којашто изнесоа лаги, клевети и дека јас во рамките на ингеренциите во Министерството за здравство некои работи не сум ги извршувал. Јас ги покажав во јавноста и документите дека тоа не е така и дека сите ингеренции на министерството што се однесува во тој дел апсолутно се извршувани, дури и во најтешките Ковид времиња, изјави Филипче. 

Посочи дека секој кој го прекршил Законот треба да одговара. вдј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан