• недела, 19 мај 2024

Лидерите на ЕУ бараат поголема солидарност со Западен Балкан за вакцините

Лидерите на ЕУ бараат поголема солидарност со Западен Балкан за вакцините
Брисел, 21 јануари 2021 (МИА) – Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ вечерва на видео состанок побараа „поголема солидарност со трети земји кога станува збор за поделба на вакцини“, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан, изјавија за Танјуг дипломатски извори во Брисел. Видеоконференцијата на лидерите на ЕУ почна во 18 часот и сè уште трае. Покрај поддршката на Западен Балкан и соседите при набавка на вакцини, лидерите на земјите-членки разговараат и за испорака на вакцини во рамките на ЕУ, кампањите за вакцинација кои почнаа низ цела Европа, како и за сертификати за вакцинација. Извори од состанокот велат дека лидерите изјавиле оти сертификатите за вакцинација во овој момент „можат да бидат медицински, но не и патни документи“. јт/

Остани поврзан