• четврток, 04 декември 2025

Лидерите на АПЕК усвоија заедничка декларација во Гјонгџу

Лидерите на АПЕК усвоија заедничка декларација во Гјонгџу

Гјонгџу, 1 ноември 2025 (МИА) - Лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) усвоија заедничка декларација во јужнокорејскиот град Гјонгџу, со што заврши дводневниот самит посветен на растот и просперитетот во Азиско-пацифичкиот регион.

Декларацијата од Гјонгџу опфати клучни теми на агендата - од трговија и инвестиции до дигитални иновации и инклузивен раст, под заедничката тема „Поврзување, иновации и просперитет“, објави Јонхап.

Со овој документ, културните и креативните индустрии за прв пат се препознаваат како нов двигател на растот и ја потврдуваат посветеноста на 21-те членка на соработката во областите на вештачката интелигенција и демографските промени, објави претседателскиот кабинет на Јужна Кореја. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан