Лига Европа: Ракометарите на Еурофарм Пелистер го пречекуваат словенечки Тримо
- Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во рамки на групата „Д“ од Лига Европа, во Битола ќе го пречекаат словенечкиот претставник од Требње, Тримо.

Битола, 8 декември 2020 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во рамки на групата „Д“ од Лига Европа, во Битола ќе го пречекаат словенечкиот претставник од Требње, Тримо.
По поразот во минатата седмица од 28:24, битолчани повнимателно го дочекуваат реванш дуелот за бодови во второто по ранг европско ракометно натпреварување.
- Средбата предизвика голем интерес во македонската и словеначката спортска јавност, но и кај меѓународната ракометна федерација и затоа порано од очекуваното беше испратена покана за новинарски акредитации и следење на натпреварот кој ќе се одигра вечер од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Во рамки на оваа ракометна група, попладне од 17 часот ќе се сретнат и екипите на Татабања и Гог. мт/зс/