• понеделник, 13 мај 2024

Лига Европа: Одложен натпреварот Арсенал – ПСВ

Лига Европа: Одложен натпреварот Арсенал – ПСВ
Лондон, 12 септември 2022 (МИА) – Натпреварот меѓу фудбалерите на Арсенал и ПСВ кој требаше да се одигра в четврток во рамки на Лига Европа е одложен, соопшти денеска УЕФА. Дуелот, како што се прецизира во соопштението, е одложен поради „сериозни ограничувања на полициските ресурси и организациски прашања“ во врска со тековните настани по смртта на британската кралица Елизабета Втора. УЕФА наведе дека новиот термин за одигрување на натпреварот меѓу Арсенал и ПСВ ќе биде дополнително соопштен. Претходно УЕФА одлучи да го помести за в среда натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Глазгов Ренџерс и Наполи, што првично треба да се игра утре. Британскиот сервис Би-Би-Си објави вечерва дека нема да има измени во термините за одигрување на натпреварите на англиските екипи во ЛШ. ег/јт/

Остани поврзан