• сабота, 27 јули 2024

Лигата на нациите продолжува со нова серија интересни судири

Лигата на нациите продолжува со нова серија интересни судири
Рекјавик, 5 септември 2020 (МИА) - Турнирот на Лигата на нации на УЕФА продолжува денес со нова група интересни судири на теренот на Стариот континент, бидејќи натпреварите се од Лига А, Лига Ц и Лига Д. Најинтересни се дефинитивно натпреварите на освојувачот на трофејот од дебитантското издание на натпреварувањето Португалија против Хрватска, како и натпреварите Исланд - Англија и Шведска - Франција. Големата цел на „Трите лава“ е освојување на ЕП 2021 година, чие финале се планира да се одржи на стадионот „Вембли“ Во Португалија се уште не се на јасно дали Кристијано Роналдо ќе учествува на средбата со Хрватите. Асот има инфекција на десната нога, но во последните часови даде надеж дека може да учествува откако објави инспиративен статус на Инстаграм. Во случај Роналдо сепак да не игра, неговото место во нападот ќе го заземе младата sвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.Во третиот интересен натпревар вечерва Франција ќе гостува во Шведска. „Петлите“ ќе бидат без својот стартен голман Стив Манданда, кој е заразен со коронавирус. Домаќините нема да се потпрат на капитенот Андреас Гранквист, кој ја заврши својата кариера. Двете екипи се во добра серија, дозволувајќи само еден пораз во 2019 година. Лига А Група 1 Исланд - Англија Данска - Белгија Група 3 Португалија - Хрватска Шведска - Франција Лига Ц Група 2 Северна Македонија - Ерменија Естонија - Грузија Група 1 Азербејџан - Луксембург Кипар - Црна Гора Лига Д Група 2 Гибралтар - Сан Марино

Остани поврзан