• понеделник, 24 јуни 2024

Ливерпул сака да го ангажира Едерсон од Аталанта

Ливерпул сака да го ангажира Едерсон од Аталанта

Рим, 29 мај 2024 (МИА) - Централниот играч за врска на Аталанта, Едерсон, може да ја продолжи кариерата во англиското првенство, објави „Tuttosport“.

Според италијанскиот медиум, Ливерпул е заинтересиран за потписот на 24-годишниот Бразилец, сметајќи го играчот за засилување на средниот ред во летниот преоден рок.

Едерсон игра за Аталанта од јули 2022 година. Во сезоната 2023/24 одигра 52 натпревари за тимот во сите натпреварувања, постигна седум гола и една асистенција. 

Со тимот од Бергамо, Едерсон сезонава ја освои Лигата на Европа. Неговиот договор е до летото 2027 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 30 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан