Ливерпул и Ал-Хилал се договорија за трансферот на Нуњез
- Ал-Хилал постигна договор со Ливерпул за трансферот на напаѓачот Дарвин Нуњез, објави новинарот Фабрицио Романо.
Ливерпул, 6 август 2025 (МИА) - Ал-Хилал постигна договор со Ливерпул за трансферот на напаѓачот Дарвин Нуњез, објави новинарот Фабрицио Романо.
Саудискиот клуб моментално преговара за условите на личниот договор со 26-годишниот фудбалер.
Се забележува дека главниот тренер на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, е лично заинтересиран за играчот.
Нуњез игра за Ливерпул од 2022 година. Тој одигра 143 натпревари за „Црвените“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 40 гола и 26 асистенции.
Претходно во својата кариера, Нуњез играше за Бенфика, Алмерија и Пењарол. зс/
Фото: ЕПА