Либан го затвори воздушниот простор, американските сили во Сирија во тревога
- Во Сирија, пак, Сиријската опсерваторија за човекови права соопшти дека американските сили стационирани во североисточна Сирија се ставени во состојба на висока готовност по пресретнување на иранска ракета во близина на базата Хараб ал-Џир.
Бејрут, 13 јуни 2025 (МИА) - Либанската воздухопловна управа соопшти дека го затвора воздушниот простор до сабота во 6 часот наутро, како превентивна мерка по иранскиот ракетен напад врз Израел.
Сите комерцијални и цивилни летови се суспендирани, додека регионалната напнатост дополнително расте поради ескалацијата меѓу Иран и Израел.
Жители на предградијата на Бејрут виделе ракети како пролетаат кон Израел.
Во Сирија, пак, Сиријската опсерваторија за човекови права соопшти дека американските сили стационирани во североисточна Сирија се ставени во состојба на висока готовност по пресретнување на иранска ракета во близина на базата Хараб ал-Џир.
Ракетата била пресретната во околината на базата, по што биле активирани сите безбедносни протоколи: противвоздушни системи, радари и сирени, додека американски воени авиони патролирале над базите Хараб ал-Џир и Касрак.
Министерот за вонредни состојби Раед ал-Салех повика граѓаните да не се собираат на јавни места и да не се качуваат на покриви поради безбедносни ризици.
Претходно денеска, според Опсерваторијата, во провинцијата Кунеитра било повредено едно дете од шрапнел од иранска ракета што паднала во селото Ал-Рафид. ссм/
фото: архива