• петок, 22 ноември 2024

Либански безбедносни извори: Хашeм Сафиедин, кој требаше да биде нов лидер на Хезболах, од вчера е недостапен

Либански безбедносни извори: Хашeм Сафиедин, кој требаше да биде нов лидер на Хезболах, од вчера е недостапен

Бејрут, 5 октомври 2024 (МИА) - Хашем Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, од вчера е недостапен, изјави денеска за Ројтерс извор од либанските безбедносни сили.

Тројца либански безбедносни извори изјавија дека спасувачите не можеле да стигнат до местото во јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, што вчера беше бомбардиран додека израелските воздушни напади продолжија.

Изворите наведуваат дека постои сомневање дека Сафиедин вчера бил убиен во напад врз јужните предградија на Бејрут.

ИДФ соопшти дека ноќеска го нападнала разузнавачкиот штаб на Хезболах, во голем воздушен напад врз Бејрут.

Њујорк Тајмс и американскиот портал Аксиос објавија дека цел на израелскиот напад на Бејрут бил Хашем Сафиедин, кој треба да биде избран за нов лидер на Хезболах откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, пренесе „Тајмс оф Израел“.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан