• петок, 05 декември 2025

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

Бејрут, 5 август 2025 (МИА) - Либанскиот премиер Наваф Салам денеска изјави дека владата  наложила либанската армија да подготви план за консолидирање на оружјето под државна контрола до крајот на годината, што значи дека Хезболах и другите вооружени групи ќе мора да се разоружаат.

Тој го предложил тоа на состанок на неговиот кабинет, на кој, според либанските медиуми, главна тема било разоружувањето на Хезболах во согласност со барањето на САД.

Салам изјави дека прашањето за разоружување на Хезболах е одложено и ќе се дискутира на состанок на кабинетот закажан за четврток. зш/

Остани поврзан