• сабота, 23 ноември 2024

Ле Мер: Сакаме да ја изолираме Русија финансиски

Ле Мер: Сакаме да ја изолираме Русија финансиски

Париз, 25 февруари 2022 (МИА) - Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека Европската унија сака финансиски да ја изолира Русија, додека зборуваше заедно со својот германски колега Кристијан Линднер на состанокот на министрите за финансии на ЕУ.

„Ќе бидат погодени руските банки. Сакаме да ја изолираме Русија финансиски. Сакаме да ги прекинеме сите врски меѓу Русија и глобалниот финансиски систем“, рече Ле Мер.

Проектили го погодија украинскиот главен град денеска, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да стори повеќе, нагласувајќи дека санкциите објавени досега не се доволни. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан