• сабота, 07 март 2026

Лејкерси ѝ го нанесоа осмиот пораз по ред на Индијана, Дончиќ постигна 44 поени

Лејкерси ѝ го нанесоа осмиот пораз по ред на Индијана, Дончиќ постигна 44 поени

Лос Анџелес, 7 март 2026 (МИА) – Тимот на Лос Анџелес лејкерс ноќеска ја победи Индијана во домашен натпревар од регуларната сезона на НБА со 128:117.

Словенецот Лука Дончиќ беше најзаслужен за победата на домаќините со постигнати 44 поени, девет скока и пет асистенции.

Лејкерси имаат скор од 38-25 (победи-порази) оваа сезона и се шести на табелата во Западната конференција.

Индијана го претрпе осмиот пораз по ред и е на дното на табелата во Источната конференција. Тимот има само 15 победи досега во сезоната. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан