• среда, 10 јули 2024

Лејкерси не смеат да играат во „среќните“ црни дресови во полуфиналето на НБА купот

Лејкерси не смеат да играат во „среќните“ црни дресови во полуфиналето на НБА купот

Вашингтон, 7 декември 2023 (МИА) – НБА не им дозволи на Лос Анџлес лејкерс да играат во нивните „среќни“ дресови во полуфиналето на купот, објави „ESPN“.

Оваа одлука е поради загриженоста за визуелниот контраст помеѓу дресовите и дизајнот на наменскиот терен кој ќе биде домаќин на полуфиналето во „Т-Мобиле Арената“.

Лејкерси ќе ги носат традиционалните жолти дресови, според распоредот на веб-страницата на тимот, кој ги прикажува боите закажани за секој натпревар во остатокот од регуларниот дел од сезоната. Противниците, Њу Орлеанс пеликас ќе носат бели дресови.

Кошаркарите на лејкерс кога носеа црна гарнитура го совладаа Феникс со 106:103 во вторникот за да заработат патување во Лас Вегас и место во полуфиналето на првиот меѓусезонски турнир во НБА.

Лејкерси сè уште се непоразени во црни дресови. Тие освен Феникс санс ги совладаа во групата и Мемфис и Јута.

Натпреварот ЛА лејкерс- Њу Орлеанс ќе се игра ноќта четврток кон петок (3 часот по македонско време). зс/

Фото: Фејсбук ЛА лејкерс

Остани поврзан