• четврток, 26 март 2026

Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда 

Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда 

Скопје, 20 јули 2025 (МИА) - Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција изнесе тврдења дека „структури од СДСМ делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда, а целта им е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски“. 

Според Лефков, таквата пропаганда, како што рече, покажува дека СДСМ нема намера да се наметне со програма на избори, туку својата безидејност ја заменува со распродажба на македонските интереси, обидувајќи се да одигра на страната на Бугарија.

- До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од СДС. Според тие сознанија, постои целосна поврзаност и соработка кон негирање на македонскиот идентитет и јазик, и напад на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, кои се единствена брана за македонските интереси.Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, а до цел оркестрирано измислување и ширење на лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв, рече Лефков. 

Ова што го зборуваме, дополни тој, многу јасно се гледа и од брзината со која фабрикациите за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски од бугарските медиуми, се шират во македонскиот етер од структури блиски до СДС.

- Како поткрепа на оваа антимакедонска пропаганда, стои Венко Филипче и неговата скриена за јавноста позиција, дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без какви било барања. Целта на целиот напад и акцијата е да се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, а во игра се и пари. СДС се обидува да се наметне како фактор во целиот процес, од кој подоцна би зависела надворешната политика на државата, рече Лефков.лв/мч/

фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

 

Остани поврзан