• петок, 05 декември 2025

Лефков: СДСМ наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста

Лефков: СДСМ наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста

Скопје, 20 мај 2025

По синоќешната ТВ-дебата, СДСМ наместо да покаже емпатија кон трагично загубените млади животи, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста. Соопштението на пратеничката Тренчевска од СДСМ денеска не е ништо друго освен обид да се покрие долгогодишниот институционален неуспех и длабоко вкоренета корупција во системот кој доведе до трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Моите ставови се јасни и се дел од борбата против политичкиот систем што го наследивме, коруптивен и расипан модел кој произведува кризи и жртви. Тој “расипан” систем го водеше – и сè уште го брани – СДСМ.

СДСМ сака преку закон да се извлече од вина, да глуми сочувство со параграфи, да “нормализира” корупција а во исто време ќути за својата одговорност.

Надомест на штета постои во нашиот правен систем – преку судска постапка, преку утврдување на вина и обврска. Секој граѓанин има право да бара отштета, а државата има обврска да одговара кога нејзините институции затаиле. Но тоа не се решава со политика во Собрание, туку преку судови и институции.

Правдата не се носи со популистички закони туку со ефикасни и независни институции. Жртвите заслужуваат вистинска правда – не политизација.

Ако навистина сакаме правда – тогаш да бараме одговорност од сите што затаиле во системот, а не да нудиме „отштета“ со закон од собраниска говорница. Тоа е непочитување кон жртвите и нивните блиски.

Нема правда без одговорност – и токму тоа им пречи.

Повторувам: ова не е прашање на партиски поени. Ова е прашање на основна човечност и морална обврска кон жртвите и нивните семејства.

И за крај – не прифаќам политичка расправија на сметка на туѓа болка.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан