Лефков: Артан Груби направи милионски криминал во влада чиј премиер беше од СДСМ
- СООПШТЕНИЕ - Артан Груби направи милионски криминал во влада чиј премиер беше од СДСМ, вели Лефков.

Скопје, 16 јануари 2025
До кога мислат во СДС дека ќе бегаат без да се извинат за Артан Груби?
Артан Груби направи милионски криминал во влада чиј премиер беше од СДС, во влада каде МВР го водеше СДС и влада во чие време судството и обвинителството испорачуваа под партиски притисок. Во такво време нема никаква можност СДС да не знаеле за криминалот на Груби.
Повеќе од јасно е дека го одмолчеле, а сега исто како тогаш го одмолчуваат и мислат дека народот ќе им заборави.
СДС треба да знаат дека најмалку што му должат на народот е извинување за криминалите кои дозволија да ги направи Артан Груби.
Македонија тонеше со години, затоа што Груби и таквите како него крадеа.
Одговорноста дојде и одговорност за секој има. Само СДС како политичка партија не сфати дека мора да излезе и не само јавно да се огради од Груби, туку и да се извини за него.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=n0QrtJNoxz4
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.