• понеделник, 23 декември 2024

Летонија следната година може да ги зголеми трошоците за одбрана на три отсто од БДП

Летонија следната година може да ги зголеми трошоците за одбрана на три отсто од БДП

Вилнус, 11 јули 2023 (МИА) – Премиерот на Летонија, Кришанис Каринш изјави дека неговата земја следната година може да ги зголеми расходите за одбрана до три проценти од Бруто домашниот производ.

- Нивото од три проценти од БДП може да се постигне уште следната година, ако Летонија ги реализира плановите за купување на модерно оружје, посочи Каринш по пристигнувањето на Самитот на НАТО во Литванија.

Тој истакна дека Летонија очекува да ја постигне оваа цел во 2027 година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан