• сабота, 23 ноември 2024

Летонија одби да игра со руските фудбалски тимови

Летонија одби да игра со руските фудбалски тимови

Рига, 27 септември 2023 (МИА) - Летонските репрезентации одбија да се натпреваруваат против руски тимови на меѓународни турнири, објавено е на веб-страницата на Летонската фудбалска федерација (ЛФФ).

 

-ЛФФ потврдува дека летонските фудбалски тимови на сите нивоа нема да играат против руски тимови, без оглед на местото и формата на претставување на руските спортисти, се вели во соопштението на организацијата.

 

Европското првенство за фудбалери до 17 години ќе се одржи од 20 мај до 5 јуни 2024 година на Кипар. 

 

Претходно натпревари со Русија на на првенството одбија и екипите на Украина и Полска.

 

Вчера, УЕФА ја врати Русија на младинските турнири без употреба на химна, знаме и да играат на неутрална територија. 

 

На 17 септември, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека руските клубови и репрезентации ќе се вратат во натпреварувањата дури по завршувањето на конфликтот со Украина. зс/

 

Фото: LFF

Остани поврзан