• сабота, 04 мај 2024

Леонида Гроздановска најуспешна на првиот Октомвриски коњички турнир и трето коло од Отвореното лига-првенство

Леонида Гроздановска најуспешна на првиот Октомвриски коњички турнир и трето коло од Отвореното лига-првенство
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) – Леонида Гроздановска од клубот Анималс доминираше на денешниот, прв Октомвриски коњички турнир и 3. коло од Отвореното лига-првенство во прескокнување пречки одржан на терените во Дрма, скопско. Резултати на натпреварот „Одбери свој пат“ висина на пречките 0,95 м.: 1. Леонида Гроздановска со грлото Нур од КК Анималс 2. Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК.Анималс и 3. Цветанка Георгиев со грлото Чарли од КК Бравадос. Втор натпревар „Растечки потешкотии“ од 0,95 - 1,25 м со Џокер: 1. Леонида Гроздановска со грлото Прециоус од КК Анималс 2. Леонида Гроздановска со грлото Нур од КК Анималс 3. Силја Дуковскиа со грлото Најтингел од КК Анималс. Според натпреварувачкиот календар на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија остануваат уште два Октомвриски турнири. зс/

Остани поврзан