• среда, 08 мај 2024

Леонида Гроздановска најуспешна на вториот „Јулски коњички турнир“

Леонида Гроздановска најуспешна на вториот „Јулски коњички турнир“
Скопје, 10 јули 2021 (МИА) – Леонида Гроздановска со грлото Силвано од клубот Анималс е победничка на вториот „Јулски коњички турнир“ и 2. коло од отвореното Лига првенство во прескокнување на пречки за 2021 година кој се одржа денес на терените во Волково. На програмата беа два натпревари во прескокнување на пречки. Пласман на првиот натпревар со висина на пречките од 0,80-0,90 метри: 1-место Леонида Гроздановска со грлото Силвано од КК.Анималс 2-место Силја Дуковска со грлото Најтингел од КК. Анималс 3-место Ташко Жоглев со грлото Ролекс од ККС.Илинден Пласман втор натпревар со висина на пречките од 0,90 – 1,20 метра: 1-место Леонида Гроздановска со грлото Силвано од КК.Анимал 2-место Меланија Атансовск а со грлото Калатус од КК.Процес 3-место Зоран Јовановиќ со грлото Тифаниод КК. Бравадос. Третиот „Јулски коњички турнир“ и 4-коло од отвореното Државно првенство за 2021 година ќе се одржи на 17 јули. зс/

Остани поврзан