• петок, 03 мај 2024

Леклер: Можам многу да научам од Хамилтон, ова е одлична можност да покажам колку вредам

Леклер: Можам многу да научам од Хамилтон, ова е одлична можност да покажам колку вредам

Маранело, 1 април 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, се надева дека ќе научи многу од Луис Хамилтон, кој ќе му стане тимски колега од следната сезона.

- Можам многу да научам од Луис. И за мене лично ова ќе биде одлична можност да покажам што навистина вредам. Ова е многу интересен и возбудлив предизвик. Ќе биде одлично. Со месеци знаев дека постои шанса тој да дојде во Ферари. Но, сепак бев многу изненаден кога дознав дека овој трансфер всушност ќе се случи. И ме чека неверојатен тест. На крајот на краиштата, зборуваме за возачот со најмногу победи во историјата на Формула 1. Да го имам Луис како тимски колега е фантастично, изјави Леклер.

Британецот Луис Хамилтон кој е актуелен пилот на Мерцедес, од следната година ќе биде тимски возач на Ферари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан