Л’Екип“: Реал понуди 160 милиони евра за Мбапе, ПСЖ одби
- Реал Мадрид ја даде првата официјална понуда за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, објави „Goal.com“.

Мадрид, 24 август 2021 (МИА) - Реал Мадрид ја даде првата официјална понуда за трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, објави „Goal.com“.
Според „Ел Чирингито“ Реал му понудил на Пари Сен-Жермен 160 милиони евра за Французинот и побарал дозвола да преговара со неговите застапници.
Парижаните одбија да го продадат 22-годишниот играч за оваа сума, пренесува „GFFN“, повикувајќи се на „TF1“.
Останува да се види реакцијата на Мбапе, кој неколку пати изрази желба да заигра за „Кралскиот клуб“. зс/