• петок, 22 ноември 2024

Ледено кафуле во центарот на Прага

Ледено кафуле во центарот на Прага

Прага, 19 јули 2022 (МИА) - Леденото кафуле „Ајс паб“ во центарот на чешкиот главен град Прага нуди кусо бегство, од горештините во - „арктички услови“ за престој.

Пабот, на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост, служи коктели на база на вотка во чаши направени од мраз... А, и мебелот и украсите исто така се направени од мраз.

Температурата внатре е околу -7 Целзиусови степени, па на посетителите им се нудат и капути и ракавици, а посетите се ограничени на помалку од половина час.

Тука се служело и пиво, но тоа престанало бидејќи славината за точење постојано мрзнела.  си/

Остани поврзан