• среда, 19 јуни 2024

Легендата Мирослав Клосе го презеде Нирнберг

Легендата Мирослав Клосе го презеде Нирнберг

Нирнберг, 11 јуни 2024 (МИА) - Легендата на германскиот фудбал Мирослав Клосе е нов тренер на второлигашот Нирнберг, официјално соопштија од клубот. Баварците не објавија колку е долг договорот на поранешниот напаѓач.

-Традиција, страст, чесна работа, одлични навивачи - тоа се сите работи што ги сакам во фудбалот и ги поврзувам со Нирнберг. Затоа веднаш ја искористив можноста да станам тренер овде. Клубот има одлична основа со својата младинска работа, на кој сакаме да продолжиме да се надградуваме, изјави Клосе за клупската веб-страница.

Мирослав Клосе ја започна својата тренерска кариера во 2018 година во тимот на Баерн Минхен до 17 години, каде работеше до 2020 година. Во сезоната 2022/23 го предводеше австрискиот Рајндорф Алтах во 24 натпревари, во кои тимот забележа 5 победи, 5 нерешени и 14 порази. дс

Фото: Твитер/ФК Нирнберг

Остани поврзан