• петок, 05 декември 2025

Легендарниот НБА тренер и играч Лени Вилкенс почина на 88-годишна возраст

Легендарниот НБА тренер и играч Лени Вилкенс почина на 88-годишна возраст

Вашингтон, 10 ноември 2025 (МИА) - Познатиот НБА тренер и играч Лени Вилкенс почина синоќа на 88-годишна возраст. Тој беше играч, тренер и член на „Куќата на славните“.

За време на неговата 15-годишна играчка кариера, Вилкенс беше деветкратен НБА Ол-стар и двапати ја водеше лигата по број на асистенции. Беше играч-тренер четири сезони - три со Суперсоникс и една со Блејзерс - пред да се посвети на тренерската работа со полно работно време. 

Вилкенс ги предводеше Соникс до шампионската титула во НБА во 1979 година и беше прогласен за тренер на годината во 1994 година.

Со 1.332 победи е трет на сите времиња - додека ги тренираше Сиетл, Портланд, Кливледн, Атланта, Торонто и Њујорк, пред да се пензионира во 2005 година. 

Тој одигра 2.487 натпревари - рекорд во НБА. Тој исто така освои олимписко злато како тренер на американската репрезентација во 1996 година.

Вилкенс е еден од петте лица примени во Кошаркарската сала на славните „Најсмит Меморијал“ како играч и како тренер (другите се Џон Вуден, Бил Шарман, Том Хајнсон и Бил Расел). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан