• петок, 05 декември 2025

Левица: Родителите на починатите деца од Кочани испратиле Претставка до Собранието

Левица: Родителите на починатите деца од Кочани испратиле Претставка до Собранието

Скопје, 16 јули 2025

Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, денеска на ТВ 24 откри дека во Собранието, односно до него како Претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пристигнала претставка од здружението на родителите на починатите деца од Кочани „16-ти Март 2025“.

Апасиев најави дека како Претседател на единствената уставно предвидена комисија и единствена која прима претставки од граѓани, Претставката ќе ја достави до членовите, ќе ја стави на дневен ред и ќе закаже седница на која, надежно, конечно ќе се дебатира.

Воедно, Апасиев предупреди дека ќе биде срамно и крајно нечовечки ако повторно се избегне соочувањето со вистината, како што досега пратениците од власта ги саботираат напорите за надзорна расправа. „Арам да им е ако пак го направат тоа“, порача Апасиев, нагласувајќи дека Собранието е местото каде мора да се зборува за Кочани и да се утврди одговорност.

Левица

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

Остани поврзан