• петок, 05 декември 2025

Левица: Проблемот на Архивот останува - ДПМНЕ си ги мие рацете со реконструкција на покривот

Левица: Проблемот на Архивот останува - ДПМНЕ си ги мие рацете со реконструкција на покривот

10 април 2025

Владата на ДПМНЕ наместо да го реши проблемот со Државниот архив на Македонија и да го врати во старата наменска зграда за Архив, како што бараат вработените и стручната јавност, повторно ќе фрла пари за санација на нефункционален простор. Имено, владата на Мицкоски одобрила реконструкција на покривот на Археолошки музеј кој е сместен на шестиот кат во оваа зграда.

Десет години пропаѓа целата историска и културна меморија на Македонија, најзначајните, оригинални и ретки историски документи кои се темел на државотворноста се во опасност од уништување, затоа што се чуваат во несоодветни услови.
Покривот на зградата, изградена од владата на ДПМНЕ во проектот „Скопје 2014“ прокиснува, нема вентилација, а низ ѕидовите каде што се чува документацијата поминуваат одводни и доводни цевки. Исто толку време вработените и стручната јавност бараат Архивот да се врати во наменски изградената зграда во која архивот функционираше од 1969 година се до неговото исселување во 2014 година, кога оваа зграда беше отстапена на Обвинителство за организиран криминал.

Наменски изградената зграда за Архив ги поседува сите потребни елементи од одвоени простории за администрација и депоа, до депоа изградени по сите стандарди за архивско работење, дури и маркица за градба на второ депо ако првото се наполни.

Владата на ДПМНЕ на чело со Груевски го исели Архивот од неговата наменски изградена зграда за грант од 600.000 евра од европските фондови. СДС пред да дојде на власт ветуваше решавање на проблемот но, откако седна на премиерското столче Заев ја препушти работата на Зорица Апостоловска, министер без ресор, која се истрча со нереален предлог за изградба на нова зграда за Архив. Денес, владата на Мицковски си ги мие рацете со реконструкција на покривот.

Левица апелира да престанат игрите со една од најзначајните институции и Државниот архив на Македонија да се врати во својата наменски изградена зграда. Впрочем тоа е и дел од програмата на Левица.

ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан