Левица предлага платено породилно отсуство за мајките-земјоделки
- -Овој закон ние го поднесовме на 6-ти април и речиси година дена стои заглавен. За жал во нашата држава само со притисок и пред избори работи се случуваат. Тргнувајќи од фактот дека правото на паричен надоместок за време на привремена спреченост за работа согласно законот е задолжително здравствено осигурување. Паричниот надоместок за привременото отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство по својот социјален карактер е обврска на државата.

Скопје, 12 јануари 2024
Пратеникот од Левица Борислав Крмов за предлог-Законот за здравствена заштита:
-Овој закон ние го поднесовме на 6-ти април и речиси година дена стои заглавен. За жал во нашата држава само со притисок и пред избори работи се случуваат. Тргнувајќи од фактот дека правото на паричен надоместок за време на привремена спреченост за работа согласно законот е задолжително здравствено осигурување. Паричниот надоместок за привременото отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство по својот социјален карактер е обврска на државата.
Покрај ова, жените регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од Законот за здравствено осигурување и не го добиваат ова фундаментално право. Земјоделките, де факто, се статусно дискриминирани во однос на другите работнички - оваа нееднаква социјална политика има сериозни последици врз нивното репродуктивно, психичко и физичко здравје.
Заштита на мајките е фундаментално право кое не треба да се "заслужува". Извештајот на ЕК го нотира овој проблем во целост, да немаме дилеми."
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
_________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото МИА архива