• сабота, 06 јули 2024

Левица поднесе барање за ревизија на 26-катницата во Карпош и забрана за издавање градежни дозволи

Левица поднесе барање за ревизија на 26-катницата во Карпош и забрана за издавање градежни дозволи
Скопје, 14 јуни 2022  Денес, советничката група на Левица во Општина Карпош, поднесе две предлог одлуки, кои се однесуваат на просторот на Деталниот урбанистички план З 05. Токму во рамките на овој ДУП, се наоѓа спорната парцела на која се предвидува 26-катница, а која беше дел од препукувањата помеѓу Јакимовски и ДПМНЕ. Бидејќи и двата политички субјекта најавуваа дека ќе иницираат постапка за спречување на изградбата на ова монструозно здание, а досега не го направија тоа, ние како советничка група се одлучивме на овој чекор. Овие две предлог-одлуки се однесуваат на иницирање на ревизија на овој Детален урбанистички план, како и забрана за издавање на градежни дозволи и стопирање на сите отпочнати градежни активности во рамките на овој урбанистички план. Поаѓајќи од потребите на Карпошани, но и од претходно најавеното, очекуваме за овие предлог-одлуки да гласаат ДПМНЕ и ГРОМ, со што ќе се обезбеди мнозинство за изгласување и конечно одвратување на бизнис интересите од Општина Карпош. Мартин Димоски, советник на Левица во Општина Карпош  Политичка партија Левица ——————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан