Левица побара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци“
- Ја информираме јавноста дека политичката партија Левица поднесе претставка за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат, а во однос на работењето на вд директорката во ООУ „Браќа Миладиновци” - Струга. Претходно, Левица обзнани скандалозни фотографии во училиштето, каде ученици и наставници се сликани со карти од голема Албанија, што претставува отворен иредентизам и ширење на меѓуетничка омраза.
21 декември 2023
Ја информираме јавноста дека политичката партија Левица поднесе претставка за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат, а во однос на работењето на вд директорката во ООУ „Браќа Миладиновци” - Струга. Претходно, Левица обзнани скандалозни фотографии во училиштето, каде ученици и наставници се сликани со карти од голема Албанија, што претставува отворен иредентизам и ширење на меѓуетничка омраза.
Ваквото однесување не доликува за една образовна институција во државата и е во спротивност со чл. 9 од Законот за основно образование. Левица и претходно побара итно разрешување на вд директорката, за која постојат и сомнежи дека е незаконски назначена од страна на градоначалникот Рамиз Мерко.
Неказнивоста на функционерите на ДУИ доведе до секојдневно непочитување на законските прописи и ескалира до степен на ширење великоалбански идеи во образовни институции - скандал кој не се толерира во ниту една европска држава!
Левица ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање, со цел ваквото непочитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија најстрого да биде санкционирано.
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива