• четврток, 26 март 2026

Левица: Ласовска го саботираше Законот за бранители

Левица: Ласовска го саботираше Законот за бранители

Скопје, 29 јуни 2025

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеничката Благица Ласовска денес спречи Законот за бранителите да се најде на дневен ред пред пратениците на Комисија за социјална политика, демографија и млади. Овој закон веќе десет месеци е блокиран од пратениците на ВЛЕН и ДУИ, а денес, кога со Комисијата претседаваше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ - Ласовска и имаше можност овој закон да се одблокира, но таа избра да го прекрши деловникот и одби овој закон да се најде на дневен ред.

Имено, поради овој закон, претходно по иницијатива на Левица, беше поднесена Интерпелација за пратеничката Илире Даути, која беше разрешена од претседателската функција на Комисија за социјална политика, демографија и млади. Потсетуваме, дека лицемерното ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа интерпелацијата, чиј главен мотив беше против-законското и неделовничко одбивање на Илире Даути да го стави Законот за бранители на дневен ред.

Помеѓу бранителите и коалициските договори, ВМРО-ДПМНЕ денес, како и секогаш изминатива 20 години, бранителите ги остави на цедило, за сметка на своите коалициски, политички и бизнис интереси. Денес, преку оваа неделовничка саботажа во стилот на Илире Даути, пратеничката Ласовска ја соголи маска на Мицкоски, а квази-патриотизмот на ДПМНЕ го претвори во фарса, покажувајќи уште еднаш како ги злоупотребуваат патриотските чуства на Македонците во време на изборни кампања, кои како и секогаш биваат пуштани низ вода кога е време да се преземе акција.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан