• петок, 05 декември 2025

Левица демантира дека преговара за предизборни коалиции

Левица демантира дека преговара за предизборни коалиции

Скопје, 20 јули 2025

Во целост ги демантираме дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараме за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори! 

Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање.

Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет - забрана на предизборните коалиции!

Левица ќе настапи самостојно, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати.

Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката - поддржуваме луѓе со интегритет, без оглед дали се партиски членови или не, сè додека ја делат визијата за промена и конечно функционална локална самоуправа во служба на граѓаните.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан