• петок, 20 декември 2024

Левица: Власта уфрла провокатори за да апси народ

Левица: Власта уфрла провокатори за да апси народ
5 јули 2022Вечерва, владата на СДС и ДУИ во целост прикажа како се манипулира и демонстрира насилство врз обичен народ.Министерот Спасовски очигледно го оствари своето сценарио дека ќе се случат радикални сцени - само за да апсат невини граѓани. Негрижејќи се ниту за граѓаните, ниту за полицијата, Спасовски ги изложи сите во опасност - само за да ги прикажи илјадниците граѓани кои достоинствено протестираат како насилници.Левица претходно предупреди дека власта ќе уфрли провокатори со фантомки, со цел да се апсат граѓани и да се амортизира револтот кај народот.И покрај лошите временски услови, илјадници граѓани денес маршираа против новото национално предавство на ДУИ. Тоталитарниот режим се обидува да ја инструментализира полицијата против сопствениот народ, само за да го спасат неизбежниот пад од власт. Левица ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан