• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори со олигархијата за недела повторно да биде работен ден

Левица: Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори со олигархијата за недела повторно да биде работен ден

Скопје, 28 јули 2024

Според информациите во јавноста кои протекоа од дијалогот меѓу Стопанската комора на чело со олигархот Азески и премиерот Мицкоски, десничарската влада ДПМНЕ-ЗНАМ е во анти-работничка офанзива со цел НЕДЕЛА повторно да добие статус на РАБОТЕН ДЕН!

Наместо да го заштити интересот на работниците, Премиерот, којшто лета во бизнис класа (затоа што има болки во колената), во име на Владата, пред комората на олигархијата покажа спремност да отвори "дијалог" со синдикатите преку кој на работниците ќе ја наметнува волјата на олигарсите!

Оваа најава доаѓа во првиот месец од владеењето на ДПМНЕ и ЗНАМ, кои преку медиумите претходно во етер ја пуштија и “патката“ за подигање на старосната граница за пензионирање во Македонија.

Недозволиво е во време кога драстично расте незадоволството кај македонскиот работник и каде имаме континуирано иселување на работниците од Македонија, да се преговара за одземање на работничките права и ставање на работникот исклучиво во подредена положба на бизнис секторот. Ова дополнително ќе го стимулира иселувањето и незадоволството кај македонските работници!

Ваквиот брутално капиталистички однос кон работниците од десничарската Влада за нас е очекуван... Особено по реконструкцијата на Владата, каде Министерството за труд, се потчини на Министерството за економија! Новата Влада има очигледна намера, рајот на богатите (од каде што потекнуваат и се финансираат тие) да го градат врз пеколот на работниците.

Ако Мицкоски најавува дијалог со коморите за враќање на недела како работен ден, Левица најавува дијалог со синдикатите, но и со работниците, за организирана борба против робовладетелскиот нагон на збеснатата власт!

Нема да дозволиме Работникот да биде поставен на дното на општеството и претворен во слуга на капиталот. Како работничка Партија на трудот, заедно со работниците, најавуваме бескомпромисна борбa против обидот за одземање на ова круцијално работничко право!

Не за богатење врз гробот на работниците!

 

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан