• петок, 22 ноември 2024

Левица бара вонреден инспекциски надзор на Усје

Левица бара вонреден инспекциски надзор на Усје

Скопје, 19 јануари 2024

Советниците на Левица во Советот на Град Скопје со писмено барање до Инспекторат на Градот Скопје и Сектор за заштита на животната средина, побараа вонреден инспекциски надзор над, по се изгледа, најголемиот индустриски загадувач на Скопје, цементарницата УСЈЕ!

Сомнежите за работата на УСЈЕ на штета на воздухот на Скопје се оправдани и поради тоа што минатата година, по извршените заеднички мерења на Градот Скопје и Министерството за животна средина, покажаа огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици од работата на УСЈЕ, кои сериозно го загадуваат воздухот и ја загрозуваат животната средина околу индустрискиот капацитет на овој правен субјект.

Поради сето ова, од надлежните служби во Градот но и од Министетерството за животна средина, бараме да направат вонреден инспекциски надзор над работењето на индустрискиот капацитет ТИТАН Цементарница АД УСЈЕ Скопје.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан