Левица: Аеродром добива ново општинско срце
- Во овој нов урбан комплекс ќе биде изграден голем парк со плоштад, модерна урбана опрема и простори за одмор и дружење како зелена оаза за сите генерации!
15 октомври 2025
Левица - Аеродром најавува изградба на ново општинско јадро во просторот кај старата касарна, место што ќе стане вистински симбол на современ и народен Аеродром!, се вели во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално
Во овој нов урбан комплекс ќе биде изграден голем парк со плоштад, модерна урбана опрема и простори за одмор и дружење како зелена оаза за сите генерации!
Наместо сегашната ситуација каде што општината плаќа кирија од 12.000 евра месечно на Фатмир Етеми, ќе изградиме нова, сопствена општинска зграда, транспарентна, достапна и во служба на граѓаните.
Покрај тоа, ќе биде изграден и Младински културен центар како простор каде младите ќе можат да создаваат, да се дружат и да ја развиваат културата и уметноста во Аеродром.
Време е општината да престане да плаќа на тајкуни и да почне да инвестира во народот, во младите и во иднината!
https://www.facebook.com/share/r/1DoCJV7fsA/?mibextid=wwXIfr
ПП Левица