• среда, 17 декември 2025

Левандовски би можел да се приклучи на Чикаго Фајер како слободен агент следното лето

Левандовски би можел да се приклучи на Чикаго Фајер како слободен агент следното лето

Чикаго, 17 декември 2025 (МИА) - Чикаго Фајер се заинтересирани да го ангажираат Роберт Левандовски во летниот трансфер рок 2026 година.

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски, би можел да ја продолжи својата кариера во американската МЛС-лига.

Според „BBC Sport“, Чикаго Фајер има успешни преговори со Левандовски. Напаѓачот е отворен за трансфер, а не се очекува неговата плата да биде проблем.

Чикаго Фајер го смета потпишувањето на Левандовски за стратешки потег, бидејќи Чикаго е дом на најголемата полска заедница во Соединетите Американски Држави. Клубот го додаде Левандовски на својот „список на откритија“, што значи дека тој има приоритетни права за трансфер. Другите тимови од МЛС нема да можат да го потпишат Полјакот без да платат обештетување.

Интерес за Левандовски пројавија и Интер Мајами и клубови од Саудиска Арабија.

Договорот на фудбалерот со Барселона истекува во летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан