Леброн Џејмс доби четири конци по лактот во аркадата
- Првата ѕвезда на американската кошаркарска репрезентација Леброн Џејмс доби четири конци во пределот на левото око откако беше погоден со лакт на мечот со Бразил (122:87) синоќа во четвртфиналето на Олимпијадата.

Париз, 7 август 2024 (МИА) – Првата ѕвезда на американската кошаркарска репрезентација Леброн Џејмс доби четири конци во пределот на левото око откако беше погоден со лакт на мечот со Бразил (122:87) синоќа во четвртфиналето на Олимпијадата.
Инцидентот се случил во третата четвртина. По ова 39-годишниот Американец не можеше да го заврши натпреварот.
-Добро сум. Само примив случаен удар во лице, рече Џејмс по натпреварот.
Џејмс на паркетот мина 16 минути и 39 секунди, постигна 12 поени, забележа три скока и девет асистенции. зс/
Фото: ЕПА