• петок, 05 декември 2025

Леброн ќе ги пропушти претсезонските тренинзи

Леброн ќе ги пропушти претсезонските тренинзи

Лос Анџелес, 8 октомври 20245 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ќе ги пропушти претсезонските тренинзи, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалната мрежа X.

Според Чаранија, 40-годишниот Американец закрепнува од нервна иритација во глутеален мускул. 

Леброн Џејмс очекува да биде подготвен за почетокот на новата НБА сезона, која ќе биде негова 23-та.

Минатата сезона, Џејмс одигра 70 натпревари, со просек од 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан