• петок, 15 ноември 2024

Леброн: Никој не се раѓа со омраза кон друга личност поради бојата на кожата, религијата или потеклото

Леброн: Никој не се раѓа со омраза кон друга личност поради бојата на кожата, религијата или потеклото
Лос Анџелес, 23 февруари 2022 (МИА) – Најголемата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс на социјалните мрежи објави фотографија од маица со текст во кој повика на толерантност и разбирање. - Никој не се раѓа со омраза кон друга личност поради бојата на кожата, религијата или потеклото. Луѓето учат да мразат, но ако човек може да научи да мрази, тогаш може да научи и да сака. На крајот на краиштата, љубовта е поприродно чувство за човечкото срце отколку спротивното. Мојата денешна облека, тоа е повеќе од обична маица! Тоа е порака, стои во објавата на Џејмс. Леброн е истакнат борец за човекови права. Тој во разни прилики апелира на спротивставување на секаков вид дискриминација. зс/

Остани поврзан