• среда, 10 јули 2024

Леброн го престигна Џордан, следен е Чемберлен

Леброн го престигна Џордан, следен е Чемберлен
Лос Анџелес, 11 јануари 2020 (МИА) - Леброн Џејмс излезе пред Мајкл Џордан на вечната листа во НБА при реализирани шутеви. Крилото на Лос Анџелес Лејкерс сега е на четвртото место со 12.197 успешни обиди од игра, додека Ем Џеј останува на петтото место со вкупно 12.192. Следната цел за „кралот“ е Вилт Чембрлен, кој е трет на листата со вкупно 12.681 реализирани обиди од игра. Поранешниот играч на Кливленд и Мајами го стори тоа во победата на Лејкерс над Далас, постигнувајќи 35 поени и 16 скока. За прв пат во својата кариера тој постигна најмалку 35 поени и 15 скокови во еден натпревар. Триесет и пет-годишниот Џејмс одиграл вкупно 1.234 натпревари од регуларниот дел од сезоната, додека Џордан одигра 162 помалку натпревари - 1.072. Во челната тројка освен Чемберлен, присуствува и Карл Мелоун, кој е втор со 13.528 прецизни обиди и Карим Абдул-Џабар, чие прво место изгледа недостижно со неверојатни 15.837 погодени шутеви од игра.

Остани поврзан